Охрид/Струга, 3. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во полицискиот Билтен, јавуваат за повеќе настани случени на територијата на Охрид, Струга и Дебрца.
На 3-ти март 2022 година, во 00:45 часот во СВР Охрид лишен е од слобода 45-годишниот В.С. од Охрид. Тој, претходно во стан во Охрид, физички ги нападнал К.С. и В.К.(51), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 1. март 2023 година, во 19:10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во охридското село Ливоишта, во сопственост на 66-годишниот П.Г. од истото село и 73-годишниот Д.Г. од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Е.И. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 331 парче пиротехнички средства.
На 2-ри март 2023 година, во ОВР Струга, 18-годишната Р.И. од струшкото село Лабуништа пријавила дека на улица „Пролетерски бригади“ во Струга била касната од куче скитник.
На 2-ри март 2023 година, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го лишија од слобода 48-годишниот М.Д. од селото Октиси. Тој беше баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд Струга за издржување на затворска казна од две години по што е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 54-годишниот У.К. од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на катарстарска парцела во Струга во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, поставил обележја и симболи на општина Струга и просторот го адаптирал за паркинг простор. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес