Скопје, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска денеска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од нејзината претходничка в.д. директорката м-р Јасмина Лескаровска.
Таа се обврза на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност.
– Досегашната в.д директорка м-р Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда, информираат од АППТ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива