Бислимоски: Не очекувам просечната цена на струјата за домаќинствата да биде поголема од 1 процент
декември 2, 2024

Скопје, 2. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Конечната цена на електричната енергија сè уште не е готова, но според согледувањата на Регулаторната комисија за енергетика таа ќе има само мало поместување.– Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент, изјави на денешната прес-конференција Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Тој информира дека е намалена цената за пренос на електрична енергија, а од друга страна ЕСМ ја продава поскапо струјата на ЕВН хоум.

– Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарина затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум, изјави Бислимоски.

Тој рече дека во следните денови ЕВН хоум како универзален снабдувач до Регулаторната комисија за енергетика ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука