Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Благоја Грозданоски е избран за Претседател на ОО на НСДП од Охрид на изборната Конференција која синоќа се одржала во Охрид.
Покрај Грозданоски, на Конференцијата биле избрани и 16 членови на Извршниот, три членови на Надзорниот одбор и 15 делегати за претстојниот Четврт конгрес на НСДП.
Централниот одбор на НСДП денес го предложи Тито Петковски за единствен кандидат за претседател на партијата на престојниот Конгрес. Централниот одбор на НСДП, како дел од конгресните документи, на денешната седница го утврди Извештајот за работата на НСДП помеѓу Третиот и Четвртиот Конгрес и ја усвои Предлог-Програмската платформа за делување на партијата во наредните четири години.
Во однос на изборот на новите раководни органи на партијата, а врз основа на предлозите на општинските организации, на седницата се утврди бројот на членови на Централниот одбор да изнесува 90, а на Надзорниот одбор 9, како и нивниот состав кој ќе биде предложен пред делегатите на Конгресот.
Четвртиот Конгрес на партијата ќе се одржи на 13-ти мај во Скопје со учество на 500 делегати. (Крај)
извор: Охрид1/ПлусИнфо фото: Охрид1/ПлусИнфо