јануари 30, 2015

Охрид, 30. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Се надевав дека ќе соберете доблест да одговорите на поставените прашања, да излезете со имотниот лист и да им кажете на граѓаните што поседува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов.

– За разлика од вас,  јас ќе ја покажам мојата доблест и ќе ви одговорам место да спинувам, вели претседателот на ОО на ЛДП од Охрид Дејан Блажески, по изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Блажески вели дека е горд на тоа што неговиот имотен лист наликува на околу деведесет проценти од  имотната состојба на младите луѓе во градот.

– Со платата која ја добивам од приватен сектор, за разлика од вас кои сте на терет на буџетот, не може да се купат ниту недвижнини, ниту скапи автомобили, туку само се преживува, за жал. За ваша едукација, во имотниот лист месечните примања не се внесуваат, туку само недвижнини. Кога, пак, зборуваме за чесност и за членови на моето семејство, тогаш ве прашувам како можам да бидам одговорен за нечија редовност на работното место, кога во периодот за кој зборувате ниту сум бил советник, ниту сум бил на било каков начин поврзан со институциите на системот. Уште повеќе, дрско ја лажете јавноста за нечија редовност или нередовност на работното место, повторно, покажувајќи елементарни непознавања од законот за  работни односи, вели Блажески.

Ако, пак, паѓате на нивото кое е под дозволеното за медиумска преписка, тогаш, немам намера да бидам сооучесник. Истовремено, јас „младото момче“, како што ме нарекувате, (ме потсетува на еден поранешен Премиер), го прашувам претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Атанаско Михаилов, каков став има за тоа што неговата сопругата рaботи како просветен инспектор и каков став има за тоа што сопругата на секретарот Спасески има исто така раководна позиција во општина Охрид и сето ова додека ДПМНЕ е на власт?

– Дали Михаилов слушнал за непотизам? Како ова претседателот во заминување Михаилов, им го објаснува на сопственото членство – млади луѓе, кои добија само лажни ветувања? Дали е свесен за тоа колку симпатии има во матичната партија? Дали е свесен дека нему не му одбројува само бомбата туку и сопственото членство? Има разлика, нели? За крај, јавно го повикувам Михаилов да излезе со својот имотен лист и да одговори на поставените прашања, кои се однесуваат на него, а не да дефокусира со лаги и да се крие позади партиски соопштенија, кои медиумите мораат да ги цензурираат заради нивната некоректност. Овде ја завршувам преписката со вас, која се однесува на оваа тематика, заради менталната хигиена на граѓните, но ветувам дека повторно ќе продолжам, да поставувам прашања во нивни интерес, вели претседателот на ОО на ЛДП од Охрид Дејан Блажески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Блажески: ДПМНЕ нека го земе имотот кој не е мој и нека го подари на Субрата Рој

ВМРО-ДПМНЕ: Сите граѓани треба да ги подмират државните давачки

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука