април 13, 2017

Охрид/Струга, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Струга, двата туристички бисери на брегот на Охридското Езеро, за Велигденските празници очекуваат најмалку десетина илјади туристи од земјата и странство.

За туристичките работници обично Велигденските празници ќе бидат првиот тест и најава за успешна летна туристичка сезона.

struga

Успешна летна туристичка сезона, и покрај мигрантската и политичката криза во земјава, очекуваат хотелиерите.

– За Велигден, традиционално, имаме огромен број на туристи. Најбројни се гостите од регионот. Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора но ќе имаме и од подалечните земји. Традиционално ќе ги имаме и гостите од Холандија, Данска, годинава и Израел и Полска, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ и главен менаџер на хотелот Дрим во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука