јуни 8, 2017

Охрид, 8. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На покана од културната установа „Блесок“ во Македонија престојуваат тројца хрватски писатели во рамките на проектот „Книги во чевли во Македонија“.

Хрватските писатели Ана Ѓокиќ и Зоран и Ема Понграшиќ неделава во различни градови во Македонија ги промовираат своите дела на работилници каде што децата имаат можност да се запознаат со авторите, чиишто детски книги се веќе преведени од издавачот Блесок. Со проектот Книги во чевли авторите континуирано држат работилници на Балканот, а овојпат за првпат претставуваат книги на македонско говорно подрачје.

knigivocevliПоследните два настана се в петок во 18:00 часот во Охрид, каде промоцијата на проектот и книгите ќе се одржи во ФИОФА, а промоторка ќе биде поетесата Долорес Атанасова – Лори, и следниот ден, в сабота во 18:00 часот во Скопје, во Мобилна/монтажна галерија во Паркот на франкофоните, каде ќе се одржи завршното дружење со хрватските автори.

Целиот овој караван е финансиски поддржан од Министерството за култура на Хрватска и од Град Загреб, како и од Традуки. Причината поради која Традуки интензивно поддржува проекти поврзани со литературата за деца е што различните истражувања правени во земјите на Европа укажуваат дека децата на возраст помеѓу 9 и 16 години воопшто не читаат, а целта што треба да се постигне е да им се врати книгата в раце на сите деца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука