Охрид, 24. октомври 2014 (ОхридПрес) – Охридскиот поп-рок музичар Боби Мојсовски, ги сними првите две од седумте предвидени преработки на теми на музичари од поранешните ју-простори и од Македонија, за потребите на радиото на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
За преработките Мојсовски соработува со Кристијан Ристовски – Кице. Првата снимена кавер верзија е „Nakon svih ovih godina“ на Bijelo Dugme. Темата веќе се најде на YouТube. Вокал и ритам гитара исполнува Боби Мојсовски, а Кристијан Ристовски е втор вокал и водечка гитара. Втората тема е „Лага и Измама“ од Мики Јовановски – Џафер.
Ова е нов музички проект на Мојсовски, кој во изминатиот период имаше бројни преработки на класик рок теми на светски признати бендови и музичари. Едни од најдобрите кавер-верзии, Мојсовски ги има за темите „Always“ на Bon Jovi, „Sweet Child O’Mine“ на Guns’n Roses и „Here I Go Again“ на White Snake. (Крај/М.М.)
извор: Супер радио фото: архива