март 3, 2015

Белград/Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот музичар и интерпретатор Боби Мојсовски, деновиве е во Белград, каде е дел од аудициите за втората сезона на музичкото талент шоу Х-Фактор.

На регионалниот натпревар за музички таленти, и годинава се пријавени македонски претставници, а Охрид ќе го претставува токму Мојсовски, кој е веќе докажан интерпретатор и музичар. На голем број фестивали во земјава и во Европа, Мојсовски има освоено награди.

bobi2

На аудициите во Белград, кои се во тек, Боби веќе е заедно со други претставници од Македонија, млади таленти, како Валерија Јованова, Александар Тодороски, Марија Груевска и други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Боби Мојсовски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука