август 12, 2019

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) -Богата програма претстои неделава во НУ „Библиотека „Григор Прличев“.

Од денеска во читалната е поставена изложба на книги од роднокрајните автори родени во август: Живко Чинго, Радослав Петкоски, Ангеле Грозданоски и Славе Николовски – Катин.

Утре директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Гордана Змејковска ќе го посети на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и на дел од учесниците – посетители на лекторски вежби и преведувачкиот курс ќе им подари примероци од книги од македонски писатели и поети.

Во сабота на 17-ти август во 12:00 часот библиотеката „Григор Прличев“ ќе биде домаќин на поетскиот портрет на бугарската поетеса Поли Муканова која е гостин на 31-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ поддржана и од Министерството за култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука