февруари 19, 2015

Охрид, 19.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот „Прочка – Поклади“ в недела, на 22.февруари во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид ќе се служи вечерна богослужба.

Со богослужбата што ќе започне во 16.00 часот, ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека од 22-ри до 26-ти февруари во црквата „Света Богородица“ – Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.
Од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука