Охрид, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, ќе се служат вечерна богослужба и света литургија.
Во истоимената манастирска црква вечерва од 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. Утре, пак на денот на празникот од 08:30 часот ќе се служи света литургија.
Пештерната црква „Св.Стефан” која датира од IX век, е единствена црква посветена на овој светител во земјава. Црквата претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис.
Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива