Охрид, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Богослужба и литургија по повод празниците „Преподобен Нектариј Битолски“ и „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“.
Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека во недела, 17-ти декември во манастирот „Св. Наум Охридски“ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преподобен Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Во понеделник, 18-ти декември со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија.
На 19-ти декември во црквата Св. Никола Геракомија – Варош ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“. Почетокот е во 08:45 часот, а ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски г.Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива