Охрид, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во вторник, на 2-ри јули 2019 година, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“.
Со вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во среда, на 3-ти јули 2019 година, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска
литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40