јануари 19, 2024

Охрид, 19. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Репортерите на Супер радио и OhridPress направија фото и видео запиши од прославата на големиот празник Богојавление Водици во Охрид.

Никола Јакимоски од Охрид е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес влегоа во ладните езерски води. Посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Голем број православни верници го посетија Охрид и присуствуваа на манифестацијата на осветувањето на водите на Охридското Езеро.

Верниците наполнаа и осветена вода, која ја понесоа во своите домови, за здравје и како чувар од секакви искушенија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука