Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ним не може да им се верува за ништо. Остана само најавата од пролетната реконструкција на Кејот „Македонија“. Георгиески успеа да отстрани само 5 метри квадратни од плочките покрај езерото и да постави неколку тараби додека од градежните активности нема ништо, порача денеска Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Власта не е способна да обезбеди средства и на лицемерен начин сака да ги заобиколи законите за да не го изгуби одобрението за градба. Неработата и неспособноста Георгиески како за дивоградбите, така и за проектите не може да ја прикрие со УНЕСКО затоа што граѓаните веќе не наседнуваат на неговите лаги колку и да се труди. Со оваа власт Охрид никогаш не може да добие нов и урбан лик. Затоа што се безидејни откако започна кампањата чекаат ВМРО-ДПМНЕ да ги презентира капиталните проекти за Охрид, па тие следниот ден да ги повторат. ЌЕ Георгиески заборава дека неговиот мандат завршува и ќе остане запаметен како градоначалник кој не успеал да реализира ниту еден капитален проект. На 17 октомври охриѓани ја земаат својата иднина во свои раце и ќе ги казнат СДСМ и Георгиески за залудно потрошените четири години од нивните животи. Не сме исти. Ние сè што ветуваме гарантираме и остваруваме, и даваме отчет за сработеното. Затоа заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи. 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива