септември 26, 2017

Охрид, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.С. од селото Коњско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Пријавениот, вработен како болничар, на 5-ти овој месец, околу 11:25 часот во интерно одделение, откако била констатирана смрт кај 81-годишната Т.Ј. од Охрид, одзел пар златни обетки и златен прстен. Истиот ден околу 14:30 часот во златара пријавениот ги понудил на продажба обетките и прстенот, на вработена која била внука на оштетената, и ги препознала, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука