Струга, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во полициската станица Струга било пријавено дека во селото Вишни, покрај црквата „Св.Атанасиј“, при изведување градежни работи, била пронајдена неексплодирана рачна бомба.
Бомбата била од Втората Светска војна. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 34