Битола/Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Минатата недела на германскиот канал Арте премиерно бил прикажан филм посветен на македонската кујна.
Продуцент и режисер е Мирјана Момировиќ, Босанка која живее и работи во Берлин, а потекнува од Сараево. Таа е автор и режисер на серија епизоди посветени на традицијата, културата и гастрономијата на одделни региони. Во Македонија била двапати, а од Охрид има убави спомени.
Се запознала со традиционалната храна од Охрид и охридско, при нејзината прва тура низ Македонија.
– Ова е серијал што ги поканува сите љубители на традиционалната храна да ги активираат своите сетила, гледајќи во кујните на семејствата од различни култури. Во потрага сме по локални специјалитети, сирења и вино, запознаваме луѓе кои се занимаваат со одгледување овци, риболовци, вели Момировиќ.
Инаку, најновата епизода од серијалот „На трпеза кај…“, се однесува на битолското село Буково и начинот на преработката на зачинот – буковската пиперка. (Крај)
извор: ОхридПрес/Слоу фуд Македонија фото: архива