Охрид, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Петтоодделенец од Пештани е меѓу наградените на конкурсот што по повод Светскиот ден на штедењето го распиша Министерството за финансии.
Ликовната творба на Бојан Палоски, ученик во ОУ„Св. Наум Охридски“ се најде меѓу најдобрите, а тој твореше на тема „И јас умеам да штедам“. На конкурост пристигнале над 780 ликовни и литературни творби на ученици од цела Македонија.
Јавното доделување на наградите ќе се одржи во понеделник, 6-ти ноември во 12 часот во Министерството за финансии. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 80