Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Момците од Браво бенд имаат нова музичка станица, одличниот сингл „Те љубам“, песна за која како автор на музиката и текстот се потпишува Весна Малинова, додека за аранжманот се погрижија Јован Лазаревиќ- Тукс и Милан Мијаловиќ.
„Те љубам“ има и српска верзија која ќе биде објавена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“.
– Ветивме и дека ќе нѐ има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме. Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сѐ, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто, велат момците од Браво бенд.
Овие момци се одлични на живите настапи, но сигурно чекорат и во сопствениот – авторски дел и имаат веќе одлични синглови зад себе. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива