септември 17, 2022

Вевчани, 17. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook профилот на Пансионот Кутмичевица од Вевчани, објавени се ретки фотографии од Вевчани од далечната 1970 година.

– Изминативе денови имавме драги гости од Германија, брачен пар кој во Вевчани се враќа после цели 52 години. За крај на прекрасната дружба, добивме уште подраг подарок – слики од нивната прва посета во 1970-та година. Уште еднаш, неизмерно сме благодарни, напишаа од Кутмичевица.

Погледнете ги фотографиите, кои според објавата се направени во септември 1970 година.

извор: ОхридПрес/Pansion Kutmičevica – Vevčani фото: Eggert Gottsrh/Pansion Kutmičevica – Vevčani

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука