Лондон, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Браќата Liam и Noel Gallagher очигледно конечно ги закопаа воените секири и го најавија најновото обединување на култната група Oasis.
Тие најавуваат и голема турнеја во 2025 година со датуми во Манчестер, Лондон и Даблин…
Oasis, важи за еден од најголемите британски бендови во последните 30 години, а убавата вест доаѓа 15 години откако браќата Gallagher едноставно не можеа да преминат преку недоразбирањата во музичкиот, но и приватниот дел од кариерата.
Групата формирана од Манчестер, важи за еден од највлијателните рок бендови од деведесеттите години од минатиот век. Се разделија во 2009 година по жестока расправија меѓу браќата во Париз и оттогаш не свиреле заедно.
Бендот најави серија од 14 концерти во Велика Британија и Ирска следното лето. Датумите во Кардиф, Манчестер, Лондон, Единбург и Даблин ќе бидат единствените во Европа следната година.
Liam и Noel Gallagher имаа успешни соло кариери по нивното разделување – Liam како кантавтор, а Noel со неговиот бенд High Flying Birds. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива