Бродот „Армада“ денеска го слави петтиот роденден во Охридското Езеро, пет години услуга со пет ѕвезди
декември 21, 2024

Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни 5 години од моментот кога бродот „Армада“ за прв пат започна да крстари по бистрите езерски води. Таа 2019-та година, откако беше комплетно реновиран, го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.

Опремен е со најнова технологија за навигација и безбедност на бродот. Има две палуби, внатрешна и надворешна, и двете дизајнирани за максимално уживање, два тоалети со бесплатен Wi-Fi за сите посетители на бродот. Пијалоците се служат и во двата барови, а на барање има опција за служење на храна, со што задоволството и уживањето е комплетно. Армада има две палуби кои лесно може да се претворат во совршено место за вашите приватни забави, но и средби од секако вид како и корпоративни настани.

Во „Армада“ секогаш ќе ве пречекаат пријателски, а расположената екипа и капетанот ќе направат да се чувствувате безбедно и удобно, додека ви се случува уште едно незаборавно искуство по Охридското Езеро.

Наумовски: Пет години нудиме услуга со пет ѕвезди на Охридското Езеро (Фото/Видео)

За првите пет години, згодите и незгодите, но и за се’ она возбудливо што носи времето пред нас, повеќе од интервјуто со сопственикот на брод „Армада“ Ѓоко Наумовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука