Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако пред осум дена потона во каналот „Студенчишта“, а дел од горивото заврши во вода, бродот „Лихнида“ денес беше успешно изваден од езерската вода.
– Потонатиот брод „Лихнида“ кој беше еколошка опасност во каналот Студенчишта денес беше изваден и дислоциран на безбедно место, напишаа од Регионалниот зелен центар Охрид на нивниот профил на Facebook, каде објавија и фотографии од извлекувањето.
Капетанот Горан Устијаноски по потонувањето на бродот потенцира дека заедно со општината ќе бараат начин дотраените пловни објекти да бидат отстранети, а ги потсети и самите сопственици да водат грижа за сопствените пловила.
Бротчето „Охрид” кое беше преименувано во „Лихнида” е старо повеќе децении, а подолго време е укотвено во каналот „Студенчишта“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Регионален зелен центар Охрид