Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ѓомлезињата на Николина Кантароска, Крсте Џуклески и Илина Бимбиловска Коваческа беа прогласени за највкусни на петтата „Охридска софра“ што се одржа во атарот на селото Скребатно.
Бројни беа посетителите кои покрај на спремањето на ѓомлезето, беа сведоци и на подготовката на други традиционални специјалитети од нашиот крај, а во натпреварувачкиот дел учествуваа 16 домаќинки и домаќини.
Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата како темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна и годинава беше главен белег на оваа манифестација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес