Бројни туристи го напуштаат Охрид по прославата на Нова година
јануари 2, 2025

Охрид, 2. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни туристи го напуштаат утрово туристички Охрид, откако тука ја дочекаа Новата 2025 година.

Најраздвижено е во центарот на градот, кеј „Македонија“ и останати локации, каде туристите, претежно млади луѓе се подготувуваат за заминување.

Охрид остава зад себе уште еден дочек на Новата година, одлично исполнет со гости од Република Македонија, соседните Балкански земји, но и целиот свет. Најбројни традиционално се гостите од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.

Охрид и годината е прекрасно украсен и ги пречека сите гости од целиот свет. Покрај на Градскиот плоштад, посебна забавна програма за празничните денови подготвија и угостителите, што уште повеќе придонесе за да биде исполнет градот за време и на сите останати празници пред и после Нова година. Секоја година се бележи солидна исполнетост и за празникот Божик, Стара Нова година, како и за големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Aleksandaer Karali

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука