Охрид, 15. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина од годинава бројот на странски туристи пораснал за 46,8% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 32,9 %.
Бројот на туристите во јуни оваа година изнесувал 110.319, од кои 23,5 % биле домашни, а 76,5 % биле странски туристи. Остварени се 225.092 ноќевања, од кои 30,6 % се од домашните туристи, а 69,4 % од странските туристи.
Од странските туристи најбројни биле Турците (25.394), по кои следуваат Србите (6.707) и Полјаците (3.712). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива