Скопје/Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2019 година изнесува 119.334, а бројот на ноќевањата изнесува 264.821, објавија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16,6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8,9 %. Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15,7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16,9 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7,2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,6 %.
Во периодот јануари-јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2 %, а кај странските има зголемување за 3,5 %. Во периодот јануари-јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,3 %, а кај странските има зголемување за 2,6 %. (Крај)
извор: Агенција за промоција и поддршка на туризмот фото: ОхридПрес