август 20, 2019

Охрид, 20. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Планинската спасителна служба (ППС) при Црвен крст Охрид, во периодот од 12-ти до 18-ти август 2019 година, имаше обемен ангажман, кој уште еднаш ја истакнува неопходноста од нејзиното постоење.Image may contain: one or more people, plant, tree, outdoor and natureImage may contain: one or more people and outdoorImage may contain: one or more people, people standing, sky, ocean, mountain, outdoor, nature and water

– На 12-ти и 13-ти август, тричлена екипа од ПСС со теренско возило даваше активна поддршка во гасењето на шумскиот пожар во атарот на село Велмеј, каде покрај својата примарна улога за спасување во случај на несреќа, значително помогна во транспорт на храна и вода за екипите кои гасеа на терен, како и за обиколка и извидување на теренот со членови од штабот за управување со активностите за локализација на пожарот. Дополнително, викендот на 17 и 18 Август, два тима од ПСС, на две различни локации вршеа обезбедување на планински настани на кои учество зедоа повеќе од 650 учесници. Првиот настан, кој беше во организација на Братството и Сестринството од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, а по повод празникот Св. Преображение се одржа на Врвот Крчин 2.341 мнв. На овој настан имаше околу 600 учесници од целата држава, кои учествуваа на заедничка Богослужба на врвот Крчин. За време на настанот, беа регистрирани неколку помали интервенции и една посериозна, при која жена на педесетина годишна возраст, поради слабост и срцеви тегоби беше неопходно да се евакуира од планината и да се транспортира до најблиската здравствена установа во Ростуше, каде и беше укажана лекарска помош. На овој настан, значителна поддршка на тимот од Планинсската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, беа Водичите во планина и волонтерите од тимот за Прва помош при Црвен крст од Битола, чија поддршка имаше големо значење за ефикасно обезбедување на овој навистина масовен планински настан. Вториот настан се одржа на планината Галичица ноќта на 17-ти август, со наслов „Full Moon Experience“ во организациа на Free Pass Ohrid, на кој учествуваа околу педесетина учесници, кои на полна месечина го искачија врвот Лако Сигној 1.984 мнв. Настанот помина без регистрирани интервенции од страна на ПСС, информираат од службата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ПСС

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука