Охрид/Струга, 14. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за бурно деноноќие во регионот на Охрид и Струга. Регистирани се случаи на агресивно однесување во обложувалница, училиште и угостителски објект, физичка пресметка, повреден работник…
На 14-ти ноември 2024 година, во 00:30 часот, во спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, лице од Охрид со закана кон вработениот побарало да му бидат дадени пари од касата, по што оштетил неколку апарати за игри на среќа. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14-ти ноември 2024 година, во 00:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 29-годишно лице од Охрид, кое претходно во угостителски објект на улицата „Кленоец“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13-ти ноември 2024 година, околу 13:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во кругот на Основно училиште во Охрид, едно лице се однесувало агресивно и упатило закани кон група малолетници, ученици во истото училиште. По целосно расветлување на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13-ти ноември 2024 година, во 17:08 часот, на улица „Егејска“ во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 67 и 35 години, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13-ти ноември 2024 година, околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека, при извршување градежни работи во атарот на селото Волино, општина Дебрца, со повреди се здобил 36-годишен работник од Охрид. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Државен инспекторат за труд и безбедност при работа.
На 13-ти ноември 2024 година, во 13:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 26-годишно лице од струшкото село Враништа. При преглед во возило марка „Опел“, во кое се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес