News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
мај 20, 2024

Охрид/Струга, 20. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кражба, сообраќајна незгода, тешко повреден охриѓанец, агресивно однесување кон сопругата во домот… Информациите поместени во денешното издание на полицискиот Билтен посочуваат на бурно деноноќие во регионот на Охрид и Струга.

– На 19-ти мај 2024 година, во 23:20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 36-годишно лице од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е здржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 19-ти мај 2024 година, во 21:20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, мотоцикл марка „Кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 26-годишно лице од Струга, излетал од патот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

– На 19-ти мај 2024 година, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со тешки телесни повреди било донесено лице од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 20-ти мај 2024 година, во 01:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид се однесувал агресивно кон неговата сопруга. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука