Охрид, 30. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за бурно деноноќие во регионот на Охрид и Струга. Регистрирани се случаи на физички напади, сообраќајни незгоди, семејно насилство, напади со нож…
На 29-ти декември 2024 година, во 01:45 часот на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 18-годишно лице од Охрид и 31-годишник од Крива Паланка затоа што претходно, пред продажен објект на истата улица физички нападнале лице од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29-ти декември 2024 година, во 20:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат од селото Велестово кон Охрид, четирицикл марка „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 41-годишно лице од Охрид, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 29-ти декември 2024 година, во 03:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 18-годишно лице од охридското село Велгошти. Тој, претходно во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид, физички и со остар предмет нападнал 19-годишник од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 29-ти декември 2024 година, во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека 69-годишно лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29-ти декември 2024 година, во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршиле преглед врз 22-годишник од Охрид, при што пронашле и одзеле секира. Против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружје.
На 29-ти декември 2024 година, во 17:35 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода три лица од кои едно на возраст од 25 и две по 19 години, сите од струшкото село Лабуништа, како и три лица од селото Подгорци на возраст од 22, 20 и 40 години, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во селото Лабуништа физички нападнале 53-годишно лице од Лабуништа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.
На 29-ти декември 2024 година, во 19:45 часот, при вршење кражба во продажен објект во трговски центар во Струга, затекната е малолетничка од охридско село. По консултација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи, ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок.
На 29-ти декември 2024 година, во 19:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила марка „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за финансии – Царинска Управа, управувано од 60-годишно лице од струшкото село Велешта и возило „Форд“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 25-годишно лице од Дебар. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд“ и сопатниците, 34-годишно лице и малолетник од кичевското село Долна Бањица, констатирани во Општата болница во Струга. По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес