Охрид, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во денешното издание на Полицискиот Билтен информираат за настаните случени во последното деноноќие во Охрид. Регистрирано е лице затекнато со кокаин, во два случаи пронајдена марихуана…
На 21-ви јули 2024 година, во 02:55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин. При преглед кај него, бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20-ти јули 2024 година, во 21:10 часот на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 34-годишно лице од Скопје кај кое била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20-ти јули 2024 година, во 22:10 часот на магистралниот пат Струга-Подмолје, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 36-годишно лице од Охрид. При преглед извршен во неговиот паркиран патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21-ви јули 2024 година, во периодот од 00:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 2 во Охрид, 1 во Струга и 3 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес