Струга, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во последното издание на Полицискиот билтен информираат за бурно деноноќие во регионот на Струга.
На 25-ти јули 2023 година, на улицата „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволенатрговија со дрога при Полициската станица Струга го лишиле од слобода 31-годишниот В.Б. од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај, на 25-ти јули 2023 година, во 16:20 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници Полициската станица Струга го лишиле од слобода 57-годишниот А.Ж. од Струга, затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“, калибар 9 милиметри. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес