Дебрца, 19. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Буџетот за 2020 година на општина Дебрца на јавна расправа.
На работната средба со градоначалникот Зоран Ногачески може да присуствуваат претставници на месните заедници, црковните одбори, спортски клубови, НВО, здруженија и заинтересираната јавност. Ова се прави како резултат на заложбата да се обезбеди ефикасна граѓанска партиципација во процесот на креирањето на локалните политики и да се зголеми непосредното учество на граѓаните во носење на одлуките на локално ниво.
Работната средба ќе се одржи на ден 25-ти декември со почеток во 11:00 часто, во салата за седници на советот на општина Дебрца во село Белчишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36