Мелбурн, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Станислас Вавринка, кој ја брани титулата од минатата година го победи Гилермо Гарсија – Лопез со 7-6, 6-4, 4-6, 7-6 и се пласираше во 1/4 финалето на Australian Open.
Шпанскиот тенисер минатата година на Ролан Гарос го победи Вавринка, а синоќа сериозно го намачи и малку недостасуваше мечот да се одлучува во петтиот сет. Во тај-брекот од четвртиот сет Вавринка беше подобар (10-8) и успеа да стигне до победата.
Во четвртфиналето Швајцарецот ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори кој лесно во три сета (6-3,6-3,6-3) славеше против Шпанецот Давид Ферер.
На третиот четвртфинален дуел Милош Раониќ славеше над Фелицијано Лопез со 6-4, 4-6, 6-3, 6-7 и 6-3.
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 32