ноември 28, 2017

Валенсија, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС)Напаѓачот на Валенсија, Гонкало Гуедеш ќе мора да паузира во наредните четири недели, откако се здоби со повреда на на левата нога во неделната пресметка против Барселона на „Месталја“.

На фудбалерот му беше потребна операција за да се отстрани проблемот, а според соопштението на клубот, Гуедеш веќе се опoравува и ќе биде отпуштен од болница уште денес.

„Гуедеш успешно ја помина операцијата и кон крајот на денот ќе биде отпуштен од болница. Неговото закрепнување се проценува да тра од три до четири недели, секако тоа зависи и од самиот фудбалер“, стои во соопштението на клубот.

Позајмениот португалски репрезентативец од ПСЖ сезонава е круцијален за „лилјаците“. На 11 првентствени натпревари Гуедеш три пати се запиша во листата на стрелци, а запиша и пет асистенции. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука