август 1, 2017

Охрид, 1. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“.

Во рамки на музичкиот дел од програмата на вечерва концерт ќе одржи Варшавскиот хармоникашки квинтет.

Во него членуваат Марија Маховска – Залах и Јустина Баран на виолина, Марек Чех на виола, Александра Охар – Справка на виолончело и Клаудиуш Баран на хармоника.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“, со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука