Вевчани, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Спектакуларна драма на отворено, забава и убава атмосфера, вевчанци и оваа година ја покажаа својата досетливост и креативност.
Вевчанскиот карневал со својата уникатен и оваа година привлече голем број посетители. Василичарите од Горна и Долна маала продефилираа низ улиците и се сретнаа во центарот на Вевчани.
И оваа година во фокусот беа актуелните политички и општествени случувања кај нас и во светот, а ги имаше и традиционалните маски „зет и невеста“, „Глупавиот Август“ и музичарите.
Во Вевчани беа дел од највлијателните светски политичари Доналд Трамп, Владимир Путин и Ангела Меркел.
Забавата на василичарите и гостите во Вевчани продолжува вечерва со настап на Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска.
Кулминацијата на настанот е утре, кога сретсело ќе има василичарско оро на околу илјада маски, а карневалот ќе заврши во попладневните часови со традиционалното палење на маските.
Вевчанскиот карневал е стар 1.400 години, според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес