Вевчани/Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Преку објава во Facebook страната Moe Vevcani, Вевчанци бараат правда за нивниот омилен поп, Ромео Петрески Падре, и потенцираат дека не ја прифаќаат одлуката на митрополитот Тимотеј да го замени.
Нивниот апел го објавуваме во целост:
Во моменти на промени, кога одлуките што се носат влијаат врз животите на луѓето, важно е да се запрашаме дали тие одлуки се во согласност со волјата на верниците. Вевчанци отсекогаш биле заедница која се водела од духовноста, љубовта и почитта кон верата. Но, кога одлуките доаѓаат однадвор и не ја одразуваат вистинската потреба на народот, тогаш станува јасно дека нешто не е во ред.
Ние, вевчанци, не ја прифаќаме одлуката на митрополитот Тимотеј да го замени Ромео Петрески Падре. Ние, како верници, го цениме и сакаме нашиот поп, кој секојдневно работеше за доброто на сите нас и ја чуваше духовната атмосфера во Вевчани. Неговата посветеност, љубов и морал не можат да се заменат со одлуки кои се донесени без да се има во предвид гласот на вевчанци.
Ваше Високопреосвештенство Тимотеј,
Ние, верниците од Вевчани, со голема почит и соништво кон духовноста, Ви се обраќаме со оваа молба да ја преиначите Вашата одлука за замена на нашиот омилен поп, Ромео Петрески Падре. Разбираме дека во одредени моменти одлуките треба да се носат со цел да се одржи ред и стабилност во заедницата, но истовремено веруваме дека секоја таква одлука мора да го одразува духот и потребите на оние кои ја сочинуваат таа заедница.
Ромео Петрески Падре беше не само духовен лидер, туку и човек кој со својата посветеност, изгради една непроценлива духовна атмосфера во Вевчани. Неговото присуство беше од клучно значење за сите нас, бидејќи секојдневно го споделуваше Божјото слово и се грижеше за нашата духовна и морална благосостојба.
Ние, вевчанците, чувствуваме дека не се консултиравте со нас, верниците кои секојдневно ја чувствуваат благосостојбата од неговото свештеничко служение. Нашиот народ е оној кој најдобро ја познава и почувствува неговата посветеност. Не сметаме дека одлука која не се усогласува со волјата на заедницата може да доведе до позитивни ефекти.
Ве молиме да ја преиспитате оваа одлука и да го вратите Ромео Петрески Падре на неговото свештеничко место, за да продолжи да биде нашиот духовен водич. Се надеваме дека ќе ја разберете нашата загриженост и дека ќе се заложите за духовниот мир на Вевчани.
Со почит и верност,
Вевчанци (Крај)
извор: Moe Vevcani фото: Moe Vevcani