Струга, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на струшкото село Поум и општина Вевчани се собраа денес пред седиштето на ЕВН во Струга за да го изразат својот револт за проблемите со снабдување со електрична енергија во овие населени места.
Вевчанци со палење на свеќи со својот познат сатиричен хумор го изразија своето незадоволство и порачаа дека е ова последен повик до ЕВН да ја стабилизира состојбата со електричната енергија а како главен проблем ја посочија дотраената инсталација на ЕВН.
За Нова година вевчанци немаа повеќе од 10 дена снабдување со електрична енергија. (Крај)
извор: ILikeStruga.mk фото: ILikeStruga.mk
Прочитано: 35