Охрид, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Многумина сметаат дека се хранат здраво, вежбаат често, а се уште се чувствуваат како да не губат тежина.
Овие се причините зошто тоа се случува:
– Јадете погрешна храна
Исхраната е најмалку 80 проценти од битката со килограмите. Иако користите овошје и зеленчук, малите ситници чинат многу, а тоа е дека навечер не се јаде овошје, затоа што го гои црниот дроб. Овошје се јаде наутро и во текот на денот, а заедно со него се пие вода. Не се јаде по ручек, како десерт.
– Јадете премногу
Сепак и здравата храна, ако се зема во големи колични, не е повеќе така здрава.
– Не кревате тегови
При вежбите пожелно е барем малку да се одвои време за кревање тегови. Тоа треба да биде според висината и тежината, а не да се крева преголема тежина.
– Вежбање според интернзитетот, а не времетраење
Нема точна равенката за времетраењето на вежбите, но пожелно е да се вежбаат кратки вежби, но често, а тоа да биде во континуитет. Многумина вежбаат одреден период напорно, а потоа ја запоставуваат оваа активност. Напорните вежби треба да бидат пократки, како кардио-вежбите, додека брзо одење или пешачење, треба да е подолго за да има ефект.
– Одмор
Од вежбите потребен е и одмор за телото. Одморот вклучува и редовно спиење како и оддалечување од компјутерот и телевизијата, односно седење на едно место.
– Вашето тело е под премногу стрес
Кога имате здрав баланс на вежби поврзани со стресот, на телото му е потешко
да го изгуби вишокот на масти. Ослободувањето од стрес, исто така влијае на слабеењето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива