Скопје, 10. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица.
Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, бидејќи тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот), но и човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови. (Крај)
извор: mn фото: бигорски.мк