Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават Велики Четврток. Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата.
Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи.
Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива