Скопје, 21. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Велија Рамковски, бизнисмен и сопственик на некогашната телевизија „А1“ и весниците „Шпиц“, „Време“ и Коха е Ре“, како и на неколку други фирми и бизниси, денеска излезе од затворот „Идризово“, објави на Фејсбук неговата ќерка Лејла.
Рамковски сепак, по неколку месеци ќе мора да се врати во затворот за да ја доодлежи затворската казна од 13 години. Пуштен е на слобода заради лекување.
Велија со неговата постара ќерка Емел, со неговиот брат и други членови на семејството и со вработени во неговите фирми беше уапсен на 24 декември 2010 година и оттогаш беше зад решетки.
Во судскиот процес „Пајажина“ на 14 март 2012 година доби затворска казна од 13 години. (Крај)
извор: Мета фото: fb
Прочитано: 21