Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод големиот православен христијански празник „Сретение Господово“ на 15-ти февруари, в недела, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид ќе се служи света архиерејска литургија.
Богослужбата ќе започне во 09:00 часот, а со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.
Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, на светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27