Лондон, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Британската полиција деновиве влегла во просториите на англиските клубови Вест Хем и Њукасл, како дел од истрагата за наводно даночно затајување.
Како што пренесе „Скај“, покрај редовните полициски службеници, на овој случај работеле и околу 180 специјални полицајци во Велика Британија и Франција.
Во соопштението се наведува дека биле одземени деловни книги, финансиски извештаји, компјутери и мобилни телефони. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20