март 25, 2017

Охрид, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во овој актуелен момент, мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, се од животна важност, не само за граѓаните во нашата земја, туку и во соседството и регионот, рече на денешното годишно собрание на огранокот за Охрид, Струга, Дебар, Ростуше и Маврови Анови, претседателот на Сојузот на здруженијата не ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели.

Filip Koteli

Тој додаде дека не случајно една од нивните средишни активности се нарекува „Чекори за мир”.

Poslanie 2

Нашето членство, напомена Котели, е пример како треба да се соработува со сличните асоцијации од соседството. Огранокот од Охрид, кој е најброен и најактивен во земјата, соработува со ветераните од два бугарски града, како и со нивните колеги од повеќе албански градови.

Потврда за тоа беше бројната делегација со дваесетина ветерани од Република Албанија, од тамошното Здружение на грагани – поранешни припадници на армијата, предводена од секретарот на Здружението, Енвер Ајдари.

Самиот претседател, Колонел Тома Кондури, во неможност да допатува во Охрид, испрати специјалнo поздравно послание.

Poslanie

Во Охрид беа и претседателот на огранокот за Корча, Кочо Теле, за Поградец, Перикли Дима, а беше донесена одлука, во иднина, во соработката да се вклучи и огранокот за Пешкопеја, односно Мал Дебар.

Koteli- Ajdari....

Домаќините од Охрид, заедно со гостите од Албанија, како и од Тетово, Кичево, Дебар и други градови во земјата, најнапред другаруваа низ спортски активности и натпревари во дисциплионите: шах, стрелаштво, пинг понг и пикадо, а потоа имаа заеднички ручек и веселба во хотелот „Нова Ривиера” во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука