октомври 18, 2024

Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ветеринарната комора на Република Македонија годинава одбележува јубилеј, 30 години од формирањето. По тој повод, од денеска до 20-ти октомври во Охрид ќе бидат одржани повеќе настани.

Одбележувањето ќе почне попладнево со Свечена академијa на која ќе бидат доделени плакети и благодарници на институции и личности кои имаат дадено значаен придонес во развојот на Комората.

Утре и задутре Комората организира конгрес на тема „Втори Охридски ветеринарно-медицински средби”, со меѓунарoдно учество. Најавени се предавачи од земјава и регионот со тематски излагања од повеќе области на ветеринарната медицина.

На Конгресот ќе присуствуваат и државни претставници, бројни делегации на ветеринарни комори со кои Комората има потпишано билатерални договори за соработка, како и преставници од европски асоцијации. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука